Сон слабо ја гледа топката и би ја фрлил маската, но не смее од родителите

Играчот на Тотенхем, Хјунг-Мин Сон вели дека има проблеми кога ја носи маската на лице за време на фудбалските натпревари, но од почит кон загрижените родители ќе продолжи да игра со неа извесен период.

„Моите родители се загрижени и затоа ќе продлжам да ја носам маската на лице за време на натпреварите. Таква е и препораката на медицинскиот тим, да издржам уште малку. Искрено има моменти кога послабо ја гледам топката, а тоа е кога таа се движи кон мене. Сепак визуелно не е толку страшно и ќе морам да издржам уште извесен период да играм маскиран“, изјави Сон.

Тој имаше повреда на лицето и сега игра со маска од превентивни причини, а ја носеше и на Мундијалот во Катар кога настапуваше за Јужна Кореа и сега во натпревари од англиската Премиер Лига.

Кореецот е често критикиван во последно време дека не игра во препознатливата форма, но со гол против Кристал Палас пред три дена во победата на Тотенхем од 4:0 најави враќање во очекуваниот ритам.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести