Мора што поскоро да се разведе, инаку ќе го пропушти Мундијалот во Катар

Родриго Де Пол, играчот за врска на Атлетико Мадрид и стандарден член на аргентинската репрезентација, се најде во непријатна ситуација поради која може да го пропушти Светското првенство во Катар.

Имено, Де Пол започна процес на развод од неговата сопруга Камила Hомс, со која има две деца, а спорот засега не може да се реши токму поради нив. Камила бара целосно старателство врз децата, додека пак Аргентинецот не се откажува од нив и нормално бара подеднакво да се грижат.

Според законите, на Де Пол ќе му биде забранет влез во Катар доколку не го реши правниот спор. Од таборот на фудбалската федерација на Аргентина се надеваат дека фудбалерот што поскоро ќе најде решение околу случајот, па ќе им се стави на располагање на Гаучосите за планетарниот собир кој треба да почне во ноември годинава.

- Оглас -

Најнови вести