Морал да носи камења по планините, но не се откажал и сега е светски првак!

Ислам Махачев е новиот светски првак во УФЦ во лесна категорија, откако во шампионската борба одржана во Абу Даби, го победи Чарлс Оливеира. Махачев е од Дагестан и тоа од истото село планинско село во Дагестан од каде што потекнува легендарниот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов.

Махачев е другар со Хабиб уште од детството. Тие заедно тренирале под водство на Абдулманап Нурмагомедов, таткото на Хабиб, кој почина пред две години. Токму Абдулманап бил човекот кој го охрабрувал Махачев да продолжи напорно да тренира и дека еден ден ќе стане светски првак, што сега и се случи.

Ислам живеел во едно мало село Буруши во кое има само 100 жители. Како дете, Ислам одел во исто школо заедно со Хабиб и заедно почнале да тренинраат УФЦ. Како дел од тренинзите што ги имал Махачев, било трчање низ селото и качување по околните брда и тоа носејќи тешки камења во рацете. Сите овие тешки тренинзи под водство на тренерот Абдулманап Нурмагомедов, Ислам сега е нов светски УФЦ првак.

Хабиб кој во последниве неколку години повтојано беше заедно со Ислам на тренинзите, откако одлучи да се повлече од УФЦ борбите и тоа без ниту еден пораз, реши да се врати да живее во селото од кое потекнува, а за тоа како изгледа тоа место, може да погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести