Мората ги моли челниците на Атлетико да не го враќаат во Челзи

Алваро Мората дојде во тимот на Атлетико Мадрид на почетокот на оваа година. Шпанскиот голгетер е позајмен играч од Челзи, но вели дека веќе никогаш нема да сака да се врати во лондонскиот тим. Според договорот, Мората има уште една цела сезона од позајмицата на „Ванда Метрополитано“, но играчот моли да му биде откупен договорот од Челзи. Мората вели дека по ниедна цена не би се вратил во Челзи.

„Во Челзи ја загубив самодовербата. Бев многу вознемирен бидејќи во Англија имаа многу лошо мислење за мене. Таму отидов во најлош можен период“, вели Мората.

Поради тоа што го загубил местото во стартниот тим на Челзи, не добил повик и во репрезентацијата на ланскиот Мундијал во Русија.

„Добро започнав во Челзи, но потоа ми попречи повредата на ногата. Колку и да зборуваат дека сум бил лош, јас дадов 15 гола за Челзи и го освоив ФА купот. Сепак, поради тоа што не бев стандарден, го загубив местото во репрезентацијата, а со тоа ми се сруши и еден детски сон. Мојот сон беше да играм на Мундијалот, но потоа го доживеав најтешкиот пораз во кариерата. Сепак, доаѓањето во Атлетико е најдобрата работа. Се надевам дека ќе го откупат мојот договор ќе да останам во Мадрид“, вели Мората.

 

- Оглас -

Најнови вести