Мората се повреди на дебито за Милан, ќе паузира најмалку три седмици

Новиот напаѓач на Милан, Алваро Мората, постигна гол на дебито, но и веднаш ќе мора да паузира поради повреда на мускулот.

Мората изминатиот викенд дебитираше во дресот на Росонерите, но Шпанецот притоа заработи повреда. Тренерот Пауло Фонсека нема да може да смета на него најмалку до репрезентативната пауза.

Шпанскиот интернационалец сигурно ќе ги пропушти следните два натпревара против Парма и Лацио. Според италијанските медиуми, се очекува Мората да отсуствува најмалку три недели, а можеби и подолго.

- Оглас -

Најнови вести