Мората со „студен туш“ за Португагалците ѝ донесе големо славење на Шпанија (ВИДЕО)

Со голот на Алваро Мората во 88-мата минута, Шпанија ја совлада Португалија на гостински терен и со тоа дојде до првото место и баражот од групата 2 од Сегментот А во Лигата на нациите.

Португалија имаше причини за радост до пред самиот крај на стадионот во Брага, но Шпанците во последните мигови успеаја да ги запишат трите бода и да им дадат „студен туш“ на Кристијано Роналдо и другарите.

Со ова, Црвената фурија стигна до 11 бода и има еден повеќе во однос на Португалците. Швајцарија е трета со девет, додека последна е Чешка со четири освоени бодови.

Погледнете го одлучувачкиот момент на оваа средба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести