Морбидна изјава на унгарскиот селектор по историскиот триумф: Унгарците да ме слават со една минута молк

Унгарија приреди сензација во Вулверхемптон декласирајќи го европскиот вицешампион Англија со 4-0, па селекторот Марко Роси како да беше во делириум по историскиот подвиг.

Роси посочи дека победата е големо достигнување за него во кариерата и се надева дека во иднина Унгарците ќе го слават така што во негова чест ќе има една минута молк.

„Порано или подоцна, кога сите ќе умреме, сигурен сум дека на унгарските стадиони ќе има една минута молк во моја чест. Тоа ме прави многу среќен и ќе ми биде големо достигнување во кариерата“, истакна Роси.

- Оглас -

Најнови вести