Можат ли Академците на Пандев до подвиг против Шкендија? Коефициентот за сензација е одличен

Двете струмички екипи, Академија Пандев и Беласица ќе имаат сложена мисија на гостувањето кај водечкиот тандем Шкендија и Шкупи и се големи аутсајдери во дуели од 27-мото коло во македонската Прва лига што ќе се играат од 13 часот.

Беласица веќе е отпишана и речиси сигурно се сели во понизок ранг, а без императив струмичани ќе играат против Шкупи во Скопје. На Чаирчани им требаат бодовите за да се зацврстат на второто место што води во Европа.

Шкендија како лидер со 10 бода предност е на прагот на нова титула, а денеска нема да има лесна задача против Академија Пандев. Под команда на Александар Васоски, Академците играат одличен фудбал, иако е јасно кој е фаворит.

Струмичани изненадија пред две години во октомври, кога ја победија Шкендија како гостин со 1:0, па евентуална реприза и нов подвиг имаат одличен коефициент од 9.25 во Sport Life.

Дербито на колото со шест натпревари денеска од 13 часот е во Скопје, каде што Вардар и Ренова се во необична ситуација. Двете екипи што често играа во еврокуповите сега бијат жестока битка за спас и се израмнети со по 27 бода на 10-тото и 11-тото место.

Интересен ќе биде и дуелот меѓу Струга Трим Лум и Работнички во директна битка за четвртата позиција на табелата.

Двојки, 27-мо коло, денеска од 13 часот:

Шкендија – Академија Пандев, Шкупи – Беласица, Вардар – Ренова, Струга – Работнички, Пелистер – Силекс и Македонија Ѓ.П. – Борец.

 

- Оглас -

Најнови вести