Може ли Барнли да остане без пласманот во Премиер лигата? (Фото)

Екипата на Барнли каде настапува и нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов, се соочува со големи проблеми и е под истрага на англиската фудбалска асоцијација. Сомнителен е натпреварот помеѓу Барнли и Ридинг кој заврши 1-1, на кој Винсент Компани на теренот извади комбинирана екипа.

Ридинг е во голема борба со Хадерсфилд за опстанок во англиата Чемпионшип дивизија и токму затоа овој натпревар ќе биде под лупата на раководството на лигата. Барнли на овој натпревар играше без шест стандардни првотимци, а сето тоа не им се допадна на луѓето од Хадерсфилд кои поднесоа жалба.

Образложението на раководството на Барнли е дека на овој натпревар сакале да ги одморат дел од првотимците кои чувствувале замор. Интересно, Барнли на дуелот против КПР, уште една екипа која се бори за опстанок, на терен истрча со најсилниот состав, но на крајот сепак загуби со 2-1.

Информациите на медиумите од Островот говорат дека Барнли сигурно ќе добие висока парична казна, но не е исклучено да му бидат одземени и бодови кои може да влијаат и на пласманот на табелата, но и на промоцијата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести