Може ли да е толкав малер? Дибала изведе пенал и се повреди, може да го пропушти Мундијалот (Видео)

Пауло Дибала даде гол од пенал за победа на Рома против Лече, но нема да го памети по добро синоќешниот натпревар на „Олимпико“.

Аргентинецот при шутот од 11 метри, се повреди, и се здоби со непријатна повреда која може да значи неиграње на Светското првенство во Катар. Дибала веднаш беше сменет после пеналот, плачеше од мака додека седеше на клупата, а тренерот Жозе Мурињо рече оти Дибала веќе нема да игра за Рома до крајот на 2022 година.

Ако е истегнување на мускул во задната ложа, Дибала би паузирал околу три недели, но ако има скинат мускул, тогаш може да се прости од Мундијалот. Првиот меч на Аргентина на СП е на 22 ноември против Саудиска Арабија.

Пеналот погледнете го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести