Може ли да падне легендарниот Брест? Вардар стартува против Мешков во Лигата на шампионите

Сè уште актуелниот европски првак Вардар денеска ќе ја почне новата авантура во Лигата на шампионите со меч на гости против Мешков Брест.

Во легендарното место на белоруско-полската граница, кое е познато по отпорот во битката против фашизмот во Втората светска војна, Вардар ќе се обиде да го урне ракометниот бедем што не го освоил од 2016 година.

Оттогаш европските прваци петпати гостуваа во Брест и имаат четири порази и реми. Можеби сега за добар старт во малку изменет состав од минатите години време е и за нова победа.

„Натпреварот со Мешков Брест е прв во низата од оние што нè очекуваат во Лигата на шампионите. Сè што досега сработивме, беше подготовка токму за овој дуел. Секако дека имавме големи проблеми на сите пријателски натпревари, па и во Ф4 турнирот во СЕХА-лигата, пред сè мислам на играта во нападот. Можам да кажам дека сум задоволен од нивото на подготвеност за пресметката со Мешков, екипа која е наш стар противник. Од нас очекувам подобрена игра во нападот, на повисоко ниво. Белорускиот тим долго време настапува на европската сцена и е сериозен противник. Со доаѓањето на Скубе во екипата, добија плус на квалитет, а воедно ја имаат фаворитската улога. Ја анализиравме нивната игра уште од фајнлфорот и сметам дека можеме да се вратиме со поволен резултат од Брест“, вели тренерот на Вардар, Стевчо Алушовски.

Мешков е фаворит, успеа да направи многу квалитетен состав, но Вардар е најдобар кога е најтешко и најпотребно, што го докажа со двете титули освоени во Лигата на шампионите.

Коефициентот за двојка во Sport Life e 4.80 за победа на Вардар, единицата има квота од 1.28, а ремито се вреднува со квота 9.50.

 

 

- Оглас -

Најнови вести