Може ли еден Беретини да му застане на патот на Ноле кон бесмртноста?

Историскиот ден за италијанскиот спорт ќе биде успешен во зависност од тоа колку ќе дозволат Англичаните, но и Новак Ѓоковиќ. Неколку часа пред големото финале на ЕП, првиот светски рекет ќе ја брани титулата на Вимблдон против дебитантот во едно гренслем-финале, Матео Беретини (15 часот).

Никогаш претходно италијански тенисер не се борел за титулата на неофицијалното светско тениско првенство, а моментално деветтиот најдобар тенисер на планетата се наоѓа пред најтешкиот предизвик во неговата кариера, да се обиде да го надигра тенисерот кој апсолутно владее со овој спорт.

На прашањето, дали Беретини може да му застане на патот на Ѓоковиќ кон бесмртноста, логичниот одговор е „не“. Ноле атакува на 20-та гренслем-титула со која ќе се израмни со вечните ривали, Роџер Федерер и Рафаел Надал, што значи дека на Беретини му е потребно чудо за да го спречи Србинот.

Како актуелен првак на Ролан Гарос и ОП на Австралија, Ѓоковиќ планира да го задржи статусот на старо-нов владетел на Вимблдон во обидот да ја освои шестата титула на овој гренслем, а ќе му остане уште ОП на САД за да биде единствен во историјата кој во една сезона ги освоил сите четири гренслема.

Се паметат само два дуели меѓу Ѓоковиќ и Беретини кои српскиот тенисер ги доби прилично лесно. Италијанецот му беше жртва на најдобриот тенисер во моментов на патот кон титулата на Ролан Гарос кога Ѓоковиќ славеше со 3-1 во сетови (6-3, 6-2, 6-7 7-5) во четвртфиналето, додека првиот триумф го памети во 2019 година на финалниот АТП турнир со 6-2, 6-1.

Според квотите во Sport Life, а и сите останати критериуми, Ѓоковиќ е апсолутен фаворит во ова финале со квота 1.22 за „кец“, додека Беретини евентуално чудо на Беретини носи квота од 5.00.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести