Може ли Ливерпул да го победи Сити? Играјте Спортска прогноза и може да освоите вредни подароци

Ливерпул и Манчестер сити си ги завршија обврските во Лигата на шампионите и сега фокусот е на нивниот меѓусебен меч во Премиер лигата. В недела попладне на „Енфилд роуд“ ќе се сретнат двете екипи кои се главни фаворити за титулата во англиското првенство.

Ливерпул има неколку адути на своја страна. Црвените ќе играат на свој терен, каде што секогаш имаат феноменална поддршка од публиката. Сити на тој терен се нема радувано во последните 15 години, што значи дека и традицијата е против гостите. Екипата на Јирген Клоп е лидер во првенството со 10 победи од 11 меча и 31 од можните 33 бода досега.

Сепак, Сити е клубот кој последните две години е првак во Англија и за да го задржи приматот, сигурно ќе сака да победи во дербито, кое е главен предизвик во 10-тото коло од Спортска прогноза. Бесплатната игра станува сѐ попопуларна, па ако досега не сте ја играле, време е да влезете во трка за примамливите подароци кои се нудат за најдобрите.

Стандардно, на понудата и во ова коло има 13 мечеви, а оној кој ќе успее да погоди „Среќна 13-ка“, ќе добие мобилен телефон IPhone XS. Во претходното коло имаше прогнозер со 11 погодени од 11 меча, но ги погреши последните два меча, па беше еден од четворицата кои освоија вредносни ваучери во Sport Life кои може да бидат од 1.000 и 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести