Може ли Македонија да ја искористи помошта од Луис Енрике!?

За тоа каква фудбалската иднина ја очекува Македонија, може да видиме попладнево на Националната арена „Тодор Проески“, каде што нашата репреентација за играчи до 21 година ќе игра против врсниците од Шпанија. Црвената фурија важи за една од најсилните во оваа конкуренција, па вистински предизвик ќе биде за нашите надежи да се надигруваат со Шпанците.

Гостите се големи фаворити, а во своите редови ќе ги имаат Рики Пуиг, Карлос Алења и Педри, сите тројца се надежи на Барселона. Освен овие тројца, Шпанија во Скопје ќе биде без неколку врвни играчи кои имаат дозвола да играат за младинците, но се прекомандувани во сениорскиот тим на селекторот Луис Енрике.

За наша среќа, нема да играат Ансу Фати од Барса, Феран Торес, кој премина во Манчестер сити, и Ерик Гарсија, кој веќе е таму. Кај сениорите е и ѕвездата Дани Олмо од Лајпциг, кој исто така има право на настап за младата селекција иако има 22 години.

Шпанија е лидер во групата со 13 бода од пет меча, додека Македонија има седум бодови од четири средби. Првиот дуел одигран лани заврши во корист на Шпанија со 3:0, но нашите фудбалери не се предаваат предвреме.

„Шпанија е фаворит во групата, но ние не се предаваме предвреме. На првиот меч во Шпанија направивме неколку грешки и затоа загубивме. Мислам дека може да направиме добар резултат. Верувам во овој тим. Од престојните два меча очекувам да освоиме најмалку четири бода, а зошто не и шест бода“, оптимистички најави Дарко Чурлонов, кој настапува во германски Штутгарт.

 

- Оглас -

Најнови вести