Може ли некој да му се спротивстави на Ферстапен? Летечкиот холанѓанец е апсолутен фаворит и во Саудиска Арабија (Фото)

Попладнево од 18 часот се вози втората трка оваа сезона од Формула 1 шампионатот во Саудиска Арабија. Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен и вторпат сезонава дојде до пол-позицијата, па повторно е апсолутен фаворит за победата.

Заедно со него од првиот ред ќе стартува возачот на Ферари, Чарлс Леклер, кој треба да биде најголема опасност по холанѓанецот, а изненадување на возачот од Монако и победа на трката за ГН на Саудиска Арабија има фантастична квота од 11.

Според квотата, втор фаворит за победа е клупскиот колега од Ред Бул на Ферстапен, Серхио Перес, кој има квота од 8.50, што е неколкукратно повеќе од квотата од 1.12 за победа на летечкиот холанѓанец.

Нешто поголема е квотата дека Макс Ферстапен ќе го има најбрзиот круг на трката. Тој е фаворит со квота од 1.55, а редоследот понатаму е ист како и за победа. Следува Перес со квота од 8 и Леклер со квота од 9. Комплетната понуда во Sport Life за Формула 1 трката во Саудиска Арабија може да ја најдете на следниов ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести