Moже ли победа на Сити во манчестерското дерби да биде гаранција за „ајфонот“?

Претстојното 26-то коло на Спортска прогноза веќе трет ден е достапно за приложување прогнози, а редовните учесници имаат визија како да дојдат до примамливиот iPhone XS. Во ова коло има доста интересни средби, меѓу кои и атрактивното дерби на Манчестер меѓу Јунајтед и Сити, во кое Црвените ѓаволи се домаќини.

Учесниците кои досега прогнозираа, поголем дел од нив сметаат дека Граѓаните ќе се радуваат на „Театарот на соништата“, поточно 52 отсто од нив типуваа „двојка“. Една од причините што прогнозерите се одлучија да се потпрат на тимот на Гвардиола е што шпанскиот стратег досега нема загубено на „Олд Трафорд“ откако е на клупата на актуелниот англиски првак во премиерлигашки рамки.

Во сите три претходни гостувања во соседството Сити се издвојуваше како победник, додека и претходно сезонава триумфираше во првиот полуфинален дуел од Лига купот на Англија. Дербито е закажано в недела во 17:30 часот, стандардниот термин на Англичаните за секое дерби.

Секое коло посебно типувате за прекрасен „ајфон“, кој ќе го добие мајсторот за Спортска прогноза што ќе ги погоди сите 13 двојки.

Sport Life има интересен концепт за играта што е бесплатна, па ве наградува и за една до две утки. Учесниците во Спортска прогноза што ќе погодат 12 пара, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за две утки има награден ваучер од 500 денари.

Во Генералниот пласман се бројат и поените од двата резервни пара што за вас ги подготвуваме за секое коло. Подолго време лидер на Генералниот пласман е Христијан Т. со 179 поени и двоцифрена разлика пред најблиските конкуренти, но и тој не смее премногу да се опушта и да прескока кола бидејќи секој викенд може да се случат многу пресврти на табелата.

- Оглас -

Најнови вести