Може ли Саутемптон до титула во Англија? Историјата вели да, има едно неверојатно поклопување!

Лондонски Тотенхем вчера со 4-1 го совлада Саутемптон и ужива во првото место на табелата после едно одиграно коло во англиската клупска елита.

Историјата вели дека Тотенхем не бил лидер после првото коло уште од сезоната 1984/85, кога англиското првенство уште не беше прекрстено во Премиер лига. Тогаш, Петлите во првото коло го победија Евертон со 4-1.

Интересно е што и сега Тотенхем е прв по првото коло после победа од 4-1, а уште поинтересно е дека во таа сезона, првак на крајот стана токму Евертон, кој беше разбиен на стартот од Тотенхем. Ова е добар знак за Саутемптон дека може да биде првак, но реалноста е нешто сосема друго.

Ако верувате во чуда и имате храброст, обложете се на титула на Саутемптон. Квотата која ви се нуди за ова во Sport Life е дури 750.

- Оглас -

Најнови вести