Можеби е добар знак за „ајфон 11“ – Спортска прогноза без Англичани, но и многу дерби-натпревари

Новото коло на Спортска прогноза, 18-то по ред во третата сезона на бесплатната игра е невообичаено и е без натпревари во Англија.

Сепак, ќе биде многу интересно за сите наши прогнозери бидејќи има многу дерби-натпревари, а трката за главната премија во секое коло „ајфон 11“ продолжува.

Во минатото коло интересен беше случајот со Ѓунер Т., кој погоди 11 натпревари и доби ваучер од 500 денари во Sport Life.

Ѓунер почна со две утки, не ги погоди исходите на дуелите меѓу Ајнтрахт и Баер Леверкузен и Вердер против Унион Берлин и потоа нанижа 11 прецизни исходи на останатите дуели од 17-тото коло на популарната „Тринаесетка“.

Сега на ред е новото 18-то коло, а сабота во 15 часот со почетокот на првиот натпревар меѓу Беневенто и Аталанта е и последниот термин во кој можете да се вклучите со вашите прогнози.

Во фокусот ќе биде германското дерби меѓу Лајпциг и Борусија Дортмунд на „Ред Бул арената“ од 18.30 часот, а веднаш во недела од 12.30 часот продолжува серијалот на дерби-мечеви.

Во Серија А, во Рим на „Олимпико“ на Рома ќе ѝ гостува амбициозниот Интер во дуел што е многу значаен за двете екипи. Битката за Скудетото се разгоре, кандидати се и Рома и Интер, па се очекува одличен меч, што е вистински предизвик и за учесниците во 18-тото коло на Спортска прогноза.

Од 16.45 часот фокусот на љубителите на фудбалот ќе се пресели во Холандија, а во ново дерби Ајакс ќе му биде домаќин на ПСВ Ајндховен.

Двата гиганти на холандскиот фудбал се на првите две позиции во Ередивизија, предност од еден бод има Ајакс, па и на „Јохан Кројф арената“ се очекува атомски фудбал.

Колото ќе заврши во недела, со дуелот во Ла Лига меѓу Валјадолид и Валенсија од 21 часот, а за сите учесници на Спортска прогноза 18-тото коло почнува денеска во 14 часот, кога ќе можете да ги прогнозирате новите натпревари на бесплатната игра со многу награди што ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

 

- Оглас -

Најнови вести