Можел да игра во Реал Мадрид, но нервозата ја упропастила работата

Некогашниот холандски дефанзивец Берт Контерман открива како во 1999 година имал шанса да заигра за Реал Мадрид, но ја упропастил животната можност. Некогашниот играч на Феенорд, изненадно добил понуда да замине во Реал Мадрид, но притисокот и нервозата го направиле најлошото можно решение, а тоа е да не прифати.

„Лео Бенхакер беше мој тренер, а и тренер во Реал Мадрид. Тој ми рече дека Реал Мадрид сака да ме купи, а јас едноставно не му верував. Во моите планови беше дека од Феенорд треба да продолжам да играм во Германија или Велика Британија затоа што германскиот јазик го знаев одлично, а и англиски добро разбирав. Шпанија за мене делуваше помалку застрашувачки, бев премногу нервозен  поради фактот дека може да заиграм за Реал Мадрид и дека ќе треба да го учам шпанскиот јазик. Едноставно, не бев подготвен на тој чекор да заминам во Кралскиот клуб“, открива Контерман.

Токму таа 1999/2000 сезона Реал Мадрид стана европски првак, а холандскиот дефанзивец тоа го гледал на телевизија иако имал можност да биде дел од шампионска генерација.

„Можеби направив глупав потег затоа што од Реал Мадрид навистина беа сериозни. Ги чувам натписите во весниците каде што што пишува дека Реал Мадрид сакал да ме купи бидејќи многумина не ми веруваат“, објаснува Контерман.

Холанѓанецот, кој се уплашил од животната шанса, во кариерата потоа играше за Глазгов ренџерс и Витесе, а во 2004 година се повлече од активното играње.

- Оглас -

Најнови вести