Можеле да го добијат Лаутаро за „ситно“, но не сакале да ризикуваат

Лаутаро Мартинес е еден од играчите за кого најмногу кружат шпекулации кои го поврзуваат со трансфер во Барселона, а неговиот напредок и учинок од оваа сезона го оправдува интересот на Каталонците. Интер не се дава лесно во оваа битка и единствен начин за Мартинес да си замине од Милано е само доколку Барса плати 111 милиони евра во кеш, колку што изнесува неговата клаузула.

Ако актуелниот шпански првак ги понуди бараните средства, несомнено ќе добие долгорочен наследник на Луис Суарес во нападот, а на другата страна Интер ќе оствари голем профит со оглед на тоа дека го плати Лаутаро 25 милиони евра во летото 2018 година.

Неколку месеци пред тој трансфер, матичниот клуб на Мартинес Расинг, го нуделе нивниот пулен на Атлетико Мадрид и Рома, меѓутоа и двата клуба одбиле да платат скромни 8 милиони евра. Во меѓувреме аргентинскиот прволигаш си направи уште подобар „дил“ со продажбата на Лаутаро во Интер за споменатите 25 милиони евра.

Голгетерот на Нероаѕурите оваа сезона е еден од клучните играчи на Антонио Конте со 16 гола и 4 асистенции на вкупно 31 меч во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести