Можен ли е отказ на Клоп? Наполи го „гази“ Ливерпул на „Диего Армандо Марадона“ (ВИДЕО)

Наполи има водство од 3:0 против Ливерпул по првото полувреме. Но, ако се гледаат реално работите на „Диего Армандо Марадона“ стадионот, тогаш домаќините можеа да имаат и четири гола предност.

Најпрвин во петтата минута погоди Пјотр Зјелински од белата точка, а од истата позиција, Виктор Осимен не успеа да реализира.

Замбо Агуиса го даде вториот гол за тимот од Неапол во 31-та минута, а имаа уште една голема шанса откако ван Дајк ја извади топката од гол линијата.

Џовани Симеоне во последните мигови ја погоди мрежата на гостите за уверливо водство

Баерн Минхен води со 1:0 против Интер и тоа со голот на Лерој Сане во 25-та минута.

Најефикасно е на „Камп Ноу“ каде Барса води против Викторија Плзен по првите 45 минути има предност од 3:1. Франк Кеси (13′) и Роберт Левандовски (34′, 45+1′) се стрелци на погодоците за домаќините, додека за гостите стрелаше Сикора во 44-та минута. Клуб Бриж има изненадувачко водство против Баер Леверкузен и тоа откако гол даде Абкар Сила во 44-та минута.

- Оглас -

Најнови вести