Македонија е голем фаворит за победа против Летонија во дуел од петото коло во Лигата на нациите. По досега одиграните четири кола, Македонија е лидер со 10 бода, додека Летонија има четири бода и е единствената селекција која има теоретски шанси да ѝ го загрози првото место на нашата репрезентација.
Селекторот Благоја Милевски најави дека има неколку дилеми околу стартниот состав, но се очекува да нема поголеми промени, па вечерва дури може да го видиме истиот состав од пред еден месец во Ереван, кога Македонија со 2:0 ја победи Ерменија.
Летонија предводена од италијанскиот селектор Паоло Николато се очекува да игра во формација 4-2-2. Летонија мора да брка победа со три или повеќе голови за да може да остане во игра за првото место, комбинација која реално е повеќе од неверојатна.