Можно ли е чудо во Италија? Тимот што беше пред испаѓање сега „гази“ сè пред себе

Салернитана беше една од најслабите екипи во Серија А, но во последните две кола тие освоија шест бода и практично од испадната екипа, сега се вратија во живот.

Предмалку, во мечот против Удинезе којшто беше одложен и е од 19-тото коло на Серија А, тие го победија Удинезе со 1:0, и тоа на гостински терен. Илија Несторовски и овојпат беше заборавен на клупата за резервни играчи и станува сосем јасно дека ќе го напушти Удине во летниот преоден рок.

Стрелец на единствениот гол за Салернитана беше Симоне Верди во 93-тата минута, со што сега овој тим има 22 бода, колку што имаат Џенова и Венеција, коишто исто така се во зоната за испаѓање.

На 17-тото место се наоѓа Калјари, којшто има шест бода повеќе, но Салернитана има и меч помалку во однос на тимот од Сардинија.

 

- Оглас -

Најнови вести