Можно ли е Данска и Шведска да го наместат мечот?

Завршницата на групната фаза на Светското ракометно првенство носи голема неизвесност во групата 2. Ако се знае дека Франција и Германија се полуфиналисти од групата 1, во другата група постојат многу калкулации. Моментно Данска е лидер во групата со 8 бодови, додека Шведска и Норвешка имаат по шест. Данска веќе ја победи Норвешка (30:26), а Норвешка славеше над Шведска (30:27).

Доколку вечерва Норвешка ја победи Унгарија, а Шведска слави над Данска, се прави круг од три селекции со по осум бодови и ќе решава гол-разликата. Според распоредот на програмата, прво игра Норвешка против Унгарија, а Норвежаните и со победа може да испаднат.

Тоа би се случило во случај ако Данска изгуби од Шведска со два разлика, а притоа Шведска даде точно 30 голови или во случај Данска да изгуби со три, четири или пет разлика, но притоа поразениот тим да постигне барем 27 голови. Тогаш, Шведска и Данска ќе одат понатаму, а Норвешка ќе испадне.

Калкулации има многу, останува да се види како ќе биде на теренот. Многумина се сеќаваат на ремито на Данска и Шведска на Европското фудбалско првенство во 2004 година, кога одиграа 2-2, а токму тоа беше резултатот кој требаше за да испадне Италија. Дали и во ракометот може да го видиме фудбалското сценарио на Данска и Шведска од пред 15 години?

 

- Оглас -

Најнови вести