Можно ли е? Јувентус го враќа Погба, а во Манчестер праќа двајца играчи

Јувентус е подготвен да ги даде Пауло Дибала и Алекс Сандро во Манчестер јунајтед, во замена за Пол Погба, тврди англискиот весник „Сандеј Експрес“. Погба во Манчестер се врати токму од редовите на Јувентус, каде играше одлично.

Сега, Старата дама може да го врати Французинот во Торино, а со Дибала и Сандро да ја намали колку може повеќе сумата од 140 милиони евра, која е поставена за евентуално заминување на Погба од „Олд Трафорд“.

Сепак, овој можен трансфер ќе остане во мирување, се додека Јувентус не го објави името на новиот тренер, па потоа тој да реши дали му е потребно враќање на Погба во клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести