Можно ли е? Ќе се доигра осминафиналето, па УЕФА ќе ги стопира ЛШ и ЛЕ

Еден од уредниците на италијанскиот спортски медиум „Калчомеркато“ и дописник од Италија за шпанскиот „АС“, Мирко Калеме, за едно каталонско радио изјави дека УЕФА размислува да ги прекине Лигата на шампионите и Лигата на Европа на одреден период.

Коронавирусот прво почна да ти затвора стадионите низ Европа, но откако ситуацијата се влоши во Италија, каде што се заразени околу 10.000 лица, властите во повеќето европски земји почнаа и да ги суспендираат првенствата на одреден период.

Прв таков случај е во Италија, каде што владата предложи да се прекинат спортовите до 3 април по иницијатива на Олимпискиот комитет, а уште од вчера стапи на сила тој предлог.

Дел од реванш-дуелите од осминафиналето во ЛШ ќе се одржат без присуство на публика, тоа ќе се случува и во повеќето натпревари во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести