Македонската фудбалска репрезентација е во исчекување од резултатите за тоа кои фудбалери во Џенова се позитивни на корона-вирусот. Од Италија стигна веста дека има 14 новозаразени членови на Џенова на опасниот вирус. Осуммина од нив се играчи, но не се познати нивните имиња.
Доколку меѓу позитивните е Горан Пандев, тоа речиси сигурно ќе значи дека Македонија ќе биде без капитенот на најважниот меч во фудбалската историја против Косово, во полуфиналето од плејофот за пласман на ЕП 2020 против Косово.
Освен Пандев, неизвесен е и Елиф Елмас. Нашиот фудбалски дијамант игра за Наполи, тим кој вчера играше против Џенова и се запиша во листата на стрелците во убедливата победа од 6:0. Пред мечот, токму Пандев и Елмас се прегрнаа кога се поздравија. Тоа значи дека и играчите на Наполи ќе треба да прават тест за да видат дали има некој позитивен на корона-вирусот.
#Genoa lost 6-0 to #Napoli on Sunday.
That means the Napoli players must also have blanket COVID-19 tests and it could affect their upcoming game with #Juventus https://t.co/wZTLABoOhB
— footballitalia (@footballitalia) September 28, 2020
Македонија на 8 октомври во Скопје треба да игра против Косово, а победникот ќе игра во финалето за пласман на Европското првенство 2020.