Можно ли е – Њукасл тргнува по најдобриот напаѓач на денешницава

Проектот на новите сопственици на Њукасл започнува да се реализира и тимот од зоната за испаѓање, со неколку одлични резултати сега е на средината.

Новиот тренер, Еди Хау го стабилизира тимот кој одигра одлично и денеска и го победи Брајтон со 2:1. Јасно е дека во летниот преоден рок, Њукасл ќе ги бара топ играчите во Европа, но ретко кој можеше да претпоставува дека прва цел ќе им биде Роберт Левандовски.

Најдобриот стрелец на денешницава е трансфер цел на Премиерлигашот, откако станува јасно дека неговиот договор со Баерн Минхен нема да биде продолжен. Левандовски најави дека сака нова авантура, а Њукасл е подготвен тоа да му го оствари.

Доколку успеат да го привлечат Полјакот, тогаш со сигурност овој тим во иднина многу полесно ќе доведува екстра квалитетни играчи со кои што ќе го напаѓа врвот во Англија и Европа.

- Оглас -

Најнови вести