Можно ли е ова: Баерн Минхен и Ливерпул да си ги разменат тренерите?

Европските гиганти Баерн Минхен и Ливерпул може да направат размена на тренерите. Оваа сензационална вест ја пишува реномираниот германски весник Билд.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е под притисок поради серијата слаби резултат во Премиер лигата и посебно по поразот од Реал Мадрид на „Енфилд роуд“ во Лигата на шампиони со 2:5. Ливерпул моментално е на седмото место во првенството и е под опасност да не обезбеди место во Лигата на шампиони за следната сезона.

Од друга страна, Јирген Нагелсман ја губи довербата од челниците во Баерн Минхен. На последното гостување кај Борусија Менхенгладбах, Баерн загуби со 2:3, а Нагелсман имаше неспортски испад по кој заработи и парична казна од 50.000 евра. Баерн сезонава не е убедлив ниту во Бундеслигата, каде Борусија Дортмунд е лидер со 46 бодови, Баерн има 43, колку што има и нивниот денешен ривал Унион Берлин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести