Можно ли е ова? Вечно македонско дерби да се игра во Втората лига, Пелистер има ултиматум да остане прволигаш до 15 јули

Големи проблеми има Пелистер за да остане прволигаш откако засега не успева најавената трансформација на власта со сè уште анонимниот странски купувач на клубот.

Фудбалерите си заминуваат од Битола, Пелситер има само петмина играчи со професионален договор, а минимумот на пријавени играчи во ФФМ за настап во Првата лига се 12-мина фудбалери.

Рокот за исполнување на условот Пелистер да остане првполигаш е да регистрира најмалку уште седуммина играчи со договор до 15 јули.

Ако до четврток не се исполни условот, битолчани ќе играат во Втората лига Запад, што би значело дека ќе го играат вечното македонско дерби со Вардар, клубот кој е најтрофеен во Македонија, но испадна од Првата лига поради истите проблеми, финансиски, што сега ги има и Пелистер.

 

- Оглас -

Најнови вести