Можно ли е? Вернер се откажува од Лигата на шампионите за да се пресели во Челзи

Германски „Билд“ објави вест дека Тимо Вернер нема да игра за Лајпциг во преостанатиот дел од сезоната во Лигата на шампионите бидејќи ќе се пресели во Челзи пред да се доиграат мечевите во луксузното клупско натпреварување во Европа.

Популарните Бикови веќе се пласираа во четвртфиналето во ЛШ со елиминација на европскиот вицешампион Тотенхем, што им е најголем успех во клупската историја.

Според германскиот магазин, Вернер ќе ја доигра сезоната за Лајпциг во Бундеслигата, но не и во Лигата на шампионите.

Сега, ако се остварат најавите на „Билд“, ќе мора да продолжат во ЛШ без најдобриот стрелец во клупската историја.

Вернер веќе е договорен со Челзи, но се очекуваше да остане барем до крајот на авантурата на Лајпицг во Лигата на шампионите.

Тимо е прв стрелец на бундеслигашот и втор во најсилната германска лига со 25 гола, зад Роберт Левандовски, кој 30 пати ја тресеше мрежата на противниците.

Во актуелното издание на Лигата на шампионите, Вернер постигна 4 гола, а интересно е што напушта тим што ќе игра во четвртфиналето, а ќе се пресели во клуб што веројатно ќе испадне во осминафиналната рунда.

Челзи има за доигрување еден меч со Баерн, реваншот од осминафиналето, но во Минхен ќе патува со негатива од 0:3, пораз што го доживеа на „Стемфорд бриџ“ во фервруари, непосредно пред прекинот на сезоната поради пандемијата со ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести