Можно ли е Зидан денеска да го има последниот меч како тренер на Реал!?

Со три порази, едно реми и само една победа во последните пет одиграни меча, Реал Мадрид потврди дека се наоѓа во резултатска криза. Тренерот Зинедин Зидан е свесен дека е на мета на силни критики поради играта на неговите избраници и откри дека нема чувство дека е недопирлив во клубот. Тоа значи дека Францускиот стратег полека размислува и за евентуален отказ од шпанскиот првак, но Зидан најави дека нема да се предаде.

„Во ред е да се биде критикуван кога нема победи. Сепак, тоа нема да го промени моето мислење за фудбалерите, ниту начинот на кој работиме. Очигледно е дека постојат потешкотии, но ќе продолжиме да работиме“, вели Зидан.

Ова е втор пат во кариерата Зидан да биде на чело на Реал, а досега под негово водство Кралевите се радуваа на три титули во Лигата на шампиони, две во Примера дивисион, две во Суперкупот на Шпанија и по две титули во Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

„И во минатото сме имале проблеми како што имаме сега. Можеби овојпат проблемите се поголеми, но не размислувам за тоа. Против Севилја имаме добра шанса да докажеме колку сме добри. Овие фудбалери знаеле како да се извлечат од вакви ситуации. Во Реал никогаш не сум се чувствувал недопирлив, ниту кога бев играч, ниту сега како тренер“, откри Зидан.

Реал попладнево гостува кај Севилја каде има три порази во последните четири гостувања.

 

- Оглас -

Најнови вести