Мрежата на Англија ќе се тресе барем еднаш, ефикасни ќе бидат Финска, Данска, Албанија и Русија (Фото)

6703 – Македонија – Англија (20:45)

Репрезентацијата на Македонија вечерва против Англија ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Противникот е апсолутен фаворит, но на двата натпревари против Италија покажавме дека ако ништо друго, знаеме да погодиме против фаворитите.

Предлог тип: Т1 1+ (2.15)

 

6732 – Сан Марино – Финска (20:45)

Селекцијата на Финска на последниот натпревар против Северна Ирска одигра ефикасно и победи со 4-0. Сега ѝ следува многу полесен противник, Сан Марино, репрезентацијата која на домашен терен ја победи со 6-0. Сан Марино е во серија од 10 порази по ред.

Предлог тип: Т2 4+ (1.90)

 

6712 – Северна Ирска – Данска (20:45)

Репрезентативците на Северна Ирска играат во катастрофална форма и загубија на последните два натпревари. Доколку се земат предвид последните 10 натпревари на Северна Ирска, тие загубија дури осумпати, а победија само против Сан Марино. За разлика од нив, Данска е во серија од пет победи по ред, а на последните седум меча имаат само едно реми, против Словенија.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.30)

 

6709 – Албанија – Фарски Острови (20:45)

Албанија вечерва пред своите гледачи ќе го прослави пласманот на Европското првенство со натпревар против Фарски Острови. Домашните се апсолутни фаворити и се очекува со висок триумф да ги завршат квалификациите. Албанија и Фарски Острови низ историјата имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар, оној од овие квалификаци кој го добија Албанците на гостински терен со 1-3.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.35)

 

6701 – Русија – Куба (17:30)

Попладнево интересен натпревар ќе се одигра во рускиот град Волгоград. Суспендираната Русија во пријателски меч ќе ја пречека селекцијата на Куба. Овие две репрезентации никогаш претходно немаат одиграно меѓусебен натпревар, но сепак Русите се апсолутни фаворити и се очекува да забележат висока и убедлива победа.

Предлог тип: 1-1 & 4+  (2.04)

- Оглас -

Најнови вести