Култниот трофеен клуб заглави меѓу полупрофесионалците, сега доби уште еден брутален нокаут

Низ годините во француското првенство, Бордо нареди многу трофеи во своите витрини. Зад себе овој клуб има шест титули во домашното првенство, освои четири Купа, три трофеи во Лига купот и три пехари во Суперкупот на Франција, но сега е полупрофесионален и игра во четвртата лига во Франција.

Поради финансиски колапс, Бордо беше префрлен во четврта лига, а сега е јасно дека и следната сезона ќе биде дел од ова натпреварување, а нема да прави реконструкција. Во Национал 2 лигата, Бордо заврши на второто место со 62 бодови, три помалку од лидерот Ла Роше, кој следната сезона ќе биде дел од Национал лига, односно трета лига по силина.

Од трите четврти лиги, само најдобрите одат во лига понакред, односно трета лига, што значи дека Бордо кој заврши како втор во својата лига, ќе си остане во национал 2 лига.

Бордо има неверојатна традиција од 87 години, а пред две сезони прв пат се согласи да стане на екипите од аматерски ранг.

- Оглас -

Најнови вести