Кристијано Роналдо ја привршува третата сезона во тимот на Ал Наср, а уште нема освоено ниту еден трофеј. Иако заработува неверојатни парични средства на годишно ниво, Роналдо никако не успева да освои трофеј со Ал Наср.
Вечерва, во финалето на Лига на шампиони 2, Ал Наср загуби од јапонскиот тим Гамба Осака минимално со 1:0. Роналдо го одигра целиот меч, но не успеа да постигне гол, па единствениот погодок што го постигна Гамба Осака, беше доволно за златен трофеј на Јапонците.
По завршување на финалето, Роналдо едноставно не можеше да се помири дека фактот дека повторно остана без трофејот. Замислено стоеше на теренот, а потоа си замина во соблекувалната.
❤️ Cristiano Ronaldo was … as he ’ after losing the final ♂️
João Félix and Jorge Jesus led Al Nassr squad to the podium. pic.twitter.com/dTHRHECH96
— 9⚡ (@3setproblem) May 16, 2026
Потоа, Роналдо воопшто не сакаше да излезе и да се појави на церемонијата на доделување на медали. Едноставно Португалецот не застана во редот покрај своите соиграчи кога се доделуваа медалите за поразените во финалето.
Овој неспортски потег на Роналдо предизвика многу негативни реакции. Португалецот едноставно не сакаше да прими сребрен медал.
| BREAKING: Cristiano Ronaldo DID NOT join the squad to collect his silver medal. ❌ pic.twitter.com/BACqegQDCV
— CentreGoals. (@centregoals) May 16, 2026

