Мрежите мируваат на финалето во Берлин, Јамал го сруши рекордот на Пеле

Репрезентациите на Шпанија и Англија играат финале со многу тактика и без фудбалска убавина на Олимпискиот стадион во Берлин. После првите 45 минути од финалниот натпревар на Европското првенство, новиот континентален владетел не е ни на повидок.

Мрежите мируваат, а единствениот удар во рамки на голот го имаа англичаните и тоа во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Поседот на топката е во корист на Шпанија, исто како и корнерите, кои шпанците ги изведоа шест, додека Англија само еден. Сепак, новиот европски шампион ќе го добиеме во продолжение од мечот, во второто полувреме или можеби на продолженија или на пенали.

Единствено нешто што е за истакнување од првото полувреме на овој натпревар е рекордот за најмлад фудбалер во историјата на финалните натпревари на големите турнир кој го постави Ламине Јамал. Младиот шпанец го сруши рекордот на легендарниот Пеле и со 17 години и еден ден е најмладиот фудбалер кој настапил во финалето на големо меѓународно натпреварување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести