Мрме го скрои планот, на Полјаците воопшто нема да им биде лесно (фото)

Императив е да се избори добар резултат на гостувањето во Варшава, Македонија утре (20:45ч) ќе бара изненадување против фаворизираната Полска предводена од расниот голгетер Роберт Левандовски. Тримфот над Словенија го подигна нивото на самодоверба во нашите редови, па затоа во овој важен квалификациски дуел веруваме дека може да се освои бод, или три.

Репрезентативците ги одработија последните подготовки во пресрет на средбата против Полјаците. Селекторот Ангеловски го скрои планот, а со искуството на Пандев и расположениот Елмас, големи се надежите дека можеме да ѝ пркосиме на Полска.

 

- Оглас -

Најнови вести