„Мртва трка“ до самиот крај: Тројца прогнозери, а само еден ќе го освои Смарт телевизорот

Четвртата сезона на Спортска прогноза доаѓа до крајот. Овој викенд на програмата е последното, 36-тото коло, по што ќе се „спушти завесата“ и на оваа возбудлива сезона. Како и во претходните сезони, така и сега, на крајот од сезоната најдобрите прогнозери ќе добијат вредни подароци од Sport Life.

За прогнозерот со најмногу погодени парови во текот на целата сезона, главната премија е Смарт телевизор 48 инчи, подароци има и за оние кои ќе завршат во Топ 5 на Генералниот пласман. За второпласираниот следуваат 500.000 СЛ Маркет поени, за третиот има 400.000 СЛ Маркет поени, потоа 300.000 СЛ Маркет поени за тој што ќе заврши на четвртото место и 200.000 СЛ Маркет поени за петтопласираниот во генералниот пласман.

Доколку двајца или повеќе прогнозери имаат идентичен број поени на крајот на сезоната, пласманот се одредува според поголем број погодени натпревари во секое коло поединечно (во бодувањето се вклучени и погодените резервни парови во колото).
На пример: Прогнозерот со 13 погодени натпревари во едно коло (11 + 2 резервни натпревари) е подобро пласиран од прогнозерот кој има погодено 12 натпревари (12 натпревари без погоден резервен пар) во коло.

Во исчекување на последното коло, водечки во генералниот пласман е Христијан Т. со 245 поени, а веднаш зад него е Живко Д. со 244 поени. Со шанси за освојување на Смарт телевизорот е и третопласираниот Саша Т., кој досега собра 242 поени.

Интересна е битката и за четвртото и петтото место затоа што Васа И., Влатко С. и Бобан Ј. имаат по 237 поени.

Последното коло вреди да се одигра и за оние кои не се меѓу најдобрите во генералниот пласман затоа што стандардно подароците за секое коло се знаат. Мобилен телефон „ајфон 12“ за оној што ќе ги погоди сите 13 пара, а за оние со 12 и 11 погодоци следуваат вредносни ваучери од Sport Life во износ од 1.000 и 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести