Мртва трка во Серија А, дури пет тима може после ова коло да бидат на прво место!

Италијанската Серија А е убедливо најнеизвесната од сите топ 5 лиги во Европа, дури шест тима се борат за првото место, а разликата од првиот Наполи до петтиот Лацио е само еден бод.

После колото кое треба да се доигра денеска и утре, никој не може со сигурност да знае која екипа ќе биде на врвот после оваа рунда. На пол-позиција е Наполи кој има бод предност пред Аталанта, Интер, Фиорентина и Лацио, па наполитанците ако слават на гости кај Торино, тие ќе останат на чело.

Викендов дерби е Фиорентина – Интер, па може да има раздвојување на овие два тима. Предноста на Наполи е што не игра во европските купови и фокусиран е само на првенството.

Јувентус кој е единствен без пораз, има три бода помалку од квартетот кој е на делба од второ до петто место, па и Старата дама има свои математики околу битката за скудетото.

- Оглас -

Најнови вести