„Митрогол“ стигна до „педесетката“ – Србија ја победи Норвешка и ќе биде дел од „елитата“ во Лигата на нации (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија се пласира во баражот од Сегментот Б во Лигата на нациите и со тоа си обезбеди влез во елитата од ова натпреварување откако предмалку ја совлада Норвешка, и тоа на гости со 2:0.

Одличното напаѓачко дуо, Александар Митровиќ и Душан Влаховиќ ја погодија мрежата на Норвежаните и донесоа молк на „Улеваи Стадиум“ во Осло.

Во 42-рата минута, Влаховиќ погоди за прва радост на нашиот сосед, додека победата ја потврди фантастичниот Митровиќ (54′).

За Митровиќ ова е 50-ти гол во сениорскиот дрес за репрезентацијата на Србија.

Србија со ова дојде до 13 бода во групата 4, додека Норвешка е второпласирана со 10, следуваат Словенија (6) и Шведска (4).

- Оглас -

Најнови вести