Му даде гол на Јувентус и прослави како Роналдо, а по мечот Португалецот му го исполни сонот

Мирто Узуни е фудбалерот кој за кратко почувствува како му е на Кристијано Роналдо кога ќе даде гол во Торино и кога ќе прослави во препознатливиот „Сиииууу“ стил. Албанскиот репрезентативец синоќа даде гол за Ференцварош за водство против Јувентус од 1:0, но Старата дама на крајот направи пресврт и победи со 2:1.

Иако Ференцварош загуби, Узуни сигурно презадоволен си замина од стадионот на Јувентус, посебно ако се знае дека по завршување на средбата успеа да го добие дресот токму од Роналдо. На Португалецот најверојатно му се допадна тоа што и противничките играчи го копираат, па без никаков проблем му го подари дресот на Узуни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести