Му даде гол за титула на славниот клуб Бока јуниорс, сега заврши во затвор како член на наркокартел

Колумбија им го испорача на Соединетите Американски Држави Џон Вијафара, поранешен најдобар фудбалер на Американскиот континент, сега член на познат наркокартел.

Вијафара, кој има 41 година, заврши во притвор во САД со обвинение дека е член на таканаречениот Голф картел во Кали, Колумбија, што е организатор на шверц со дрога во Централна Америка и во Соединетите Американски Држави.

Џон во убавите времиња беше познат фудбалер, а во 2004 година со Онсе Калдаш ја освои и континенталната титула, како шампион во Копа Либертадорес. Вијафра тогаш го постигна решевачкиот гол за колумбискиот првак во финалниот двомеч со Бока јуниорс за единствената титула на Онсе Калдаш во реномираното натпреварување.

Истата година Џон беше прогласен за најдобар играч на Континентот, што е големо признание. Играше и во Англија за Портсмут и за Саутхемптон, а беше член и на познатиот шпански прволигаш Реал Сосиедад.

Потоа заплива во матните води и заврши во затвор во САД како озлогласен член на познат наркокартел во Колумбија.

- Оглас -

Најнови вести