Му фатија сеир на Бејл во незгоден момент, му се скисели рекорд што се памети (Фото)

Герет Бејл го одигра 110-тиот меч за репрезентацијата на Велс, со што стана рекордер на популарните Змејови и играч со најмногу настапи, но рекордот нема да го памети по добро.

Велс денеска од 11 часот играше со Иран на Мундијалот во Катар и загуби со 0:2 со голови во 99-тата и 101-вата минута.

https://twitter.com/iPaperSport/status/1596080605149921285?s=20&t=mV1hUuGEhzwOzcbN-xFFug

Бејл брзо по мечот стана цел на сеир на социјалните мрежи, а најчеста алузија на болниот пораз со голови во последните моменти е неговиот втор омилен спорт по фудбалот, голфот.

Велс по две кола има само еден бод и ќе мора да ја победи Англија за да се надева на пласман во вториот круг на Мундијалот во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести