Осиек и Динамо Загреб се ривали за титулата во ХНЛ лигата, заедно со Риека и Хајдук во едно од најинтересните првенства во ХНЛ во последните години, а вистински потрес во Хрватска предизвика трансферот на Петар Бочкај, што се случи вчера.
Осиек одлучи за три милиони евра да му го продаде 25-годишниот играч на Динамо Загреб, што предизвика огромни реакции во Хрватска.
Голем дел од навивачите на Осиек се незадоволни од одлуката на тренерот Ненад Бјелица да дозволи Бочкај да замине во Динамо.
Бјелица е поранешен тренер на Динамо Загреб, а „Кохорта“ како најголема навивачка група на Осиек смета дека ова е предавство.
Бјелица истапи со реакција во која ја брани својата и одлуката на раководството на Осиек и најави дека сите незадоволни навивачи на клубот ќе добијат поврат на парите за влезници.
„Морам да информирам дека одлуката за продажбата на Бочкај е исклучиво моја, а раководството на клубот само ја потврди. Сите одлуки ги носам во корист на Осиек, за клубот да биде уште посилен. нам ни требаат верни навивали и во добро и во лошо. За сите што се незадоволни и се чувствуваат изневерени, можат слободно да го контактираат клубот и парите за влезници и годишни билети ќе им бидат вратени“, објави Бјелица на фејсбук.
По 20 одиграни кола, дури три екипи, Динамо, Осиек и Риека имаат по 40 бодови, но загрепчани со меч помалку, а Хајдук е на четвртото место со 35 бода, но од 19 меча.