Му легна: Фудбалска перфекција за пресврт, Бодо Глимт гази во Норвешка (видео)

Мариус Лоде го постигна можеби најубавиот гол во својата кариера, а за да биде уште поубав, му донесе нов триумф на Бодо Глимт во норвешкото првенство. Вицепрвакот се намачи со Кристијансунд, но се избори за пресврт од 2-1 со помош на искусниот дефанзивец.

Лоде ја начека топката по изведениот корнер, па со волеј од место испрати силе удар во горниот агол од конструкцијата. Бодо на тој начин ја продолжи низата од осум победи во исто толку натпревари по стартот на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести