Му направи услуга на Новак со победата над Алкарас и експресно испадна

Рускиот тенисер Роман Сафиулин само еден ден по големата победа над Карлос Алкарас експресно е елиминиран од турнирот од серијата мастерс 1000, кој се игра во Париз.

Сафиулин, кој е 45-ти тенисер на светот, е елиминиран од сонародникот Карен Хачанов во три сета со 4:6,6:4,6:2.

Рускиот тенисер со елиминацијата на Алкарас во второто коло на мастерсот во Париз му направи голема услуга на Новак Ѓоковиќ, кој годината ќе ја заврши на првото место на АТП ранг-листата.

Качанов, кој во 2018 година триумфира на мастерсот во Париз, во следното коло ќе игра против подобриот од дуелот Циципас – Зверев.

Пласман во следната рунда обезбедија и Андреј Рубљов, кој во два сета со 6:3,6:3 го совлада Ван де Зандшлуп, како и Григор Димитров, кој го совлада Казахстанецот Бублик со 6:2,6:2.

- Оглас -

Најнови вести