Му попуштија нервите на Пјаниќ, ќе го убиеше ривалот (Видео)

Миралем Пјаниќ направи глупав потег поради кој е исклучен во 17. минута на мечот меѓу Диба Ал Фуџаира и Ал Шарјах, а среќа е што Мансур не беше посериозно повреден.

Пјаниќ кој игра за Ал Шарјах одговори на грубиот старт на ривалот со удар со двете нозе во градите на Мансур.

Среќа што не го погоди малку погоре во гркланот, или во главата што сигурно ќе предизвикаше поголеми проблеми за противникот.

Нешто подоцна и „жртвата“ Мансур беше исклучен, а Ал Шарјах води со 2:0 на гости по 75 минути игра и ако победи ќе биде лидер во првенството на Обединетите Арапски Емирати.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести