Му прилега на презимето – Крос е мајстор за пас-игра, зад него се шпанските дефанзивци (Фото)

Герамнскиот репрезентативец Тони Крос е лидер во статистичката категорија што „мери“ најмногу прецизни додавања, што не е изненадѕвање за одличниот играч на Реал Мадрид.

Крос е мајстор за пас-игра и во првата фаза од Европското првенство има 288 точни додавања до соиграчите, најмногу од сите на турнирот.

Зад него се двајца шпански репрезентативци и тоа дефанзивци, а Црвената фурија има дури тројца репрезентативци во првите шест.

Стоперот на Шпанците Ејмерик Лапорт е веднаш зад Крос со 270 прецизни пасови, а левиот бек Жорди Алба е на третото место со точно 250 коректни додавања.

Дефанзивците доминираат на листата и на четвртото место е Рубен Дијас, португалскиот стопер со 235 додавања, пред Дени Блинд од Холандија со 228 и Шпанецот Коке со 227 точни пасови.

https://twitter.com/EURO2020/status/1408428264696205313?s=20

Сите ќе играат со своите репрезентации во осминафиналето, па имаат шанса да конкурираат за првото место во оваа категорија кога ќе се сведуваат и онечните табели во сите статистички категории.

 

- Оглас -

Најнови вести