14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Му пропаѓа трансфер во Русија затоа што сними хумористично видео во кое е облечен како жена (Видео)

Португалскиот фудбалер Рикардо Мангас од Виторија Гимараеш беше договорен да потпише за Спартак Москва, но трансферот можеби ќе пропадна поради бизарна причина.

Рикардо се појави во едно хумористично видео на „Тик-Ток“ кај неговата девојка инфлуенсерката Карли Сантос, облечен во нејзина облека. Оваа шега не им се допадна на Русите кои не сакаат „женски петлиња“. Според законите во Русија, Португалецот може да биде казнет за ширење на нетрадиционална сексуална определба.

Неговиот агент тврди дека Рикардо е хетеросексуалец, има девојка, и дека видеото е направено поради хумор. Сепак шегата може да му донесе проблем.

Спорното кратко видео погледнете го ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести