Му се дава ли на Маскерано да шутира одлучувачки пенал? (Видео)

Аргентинскиот куп донесе едно големо изненадување, суперлигашот Естудијантес испадна од четвртолигашот Лаферере, и тоа по изведување на пенали. По пет пенал-серии, резултатот беше 4-4, па се пристапи кон дополнителни удари од белата точка. Во шестата серија тимот на Лаферере погоди, а ветеранот Хавиер Маскерано доби шанса да го изедначи резултатот и да му обезбеди уште една серија на својот тим.

Маскерано долги години играше врвен фудбал на клупско и репрезентативно ниво, но познат е по тоа што многу ретко дава голови. За Ливерпул на 94 меча даде еден гол, а како член на Барселона исто така даде еден гол, од пенал, дури на 203 настапи за каталонскиот тим.

Синоќа топката по шутот на Маскерано заврши на трибините. Гостите се радуваа, а разочараниот Маске се извини и бараше прошка од фановите на Есту.

https://www.youtube.com/watch?v=72fhQFN1yXE

- Оглас -

Најнови вести